Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако Макс Верстапен без потешкотии стигна до победа на трката за Големата награда на Мексико, вистинскиот триумф, сепак, го однесе Луис Хамилтон, кој одбележувајќи ја и оваа трка со своето импресивно возење, стигна до петтата шампионска титула во „Формула 1“.
Младиот Холанѓанец завчера ја загуби битката со тимскиот колега Даниел Рикиардо во квалификациите, но синоќа потврди дека ова е негов викенд.
Тој одлично стартуваше го издржа налетот на Луис Хамилтон во првиот свиок и потоа победата не му беше загрозена во ниту еден момент.
Зад него, возачите на Мерцедес имаа проблем со пневматиците, па Себастијан Фетел и Даниел Рикиардо се бореа за втората позиција. Во финишот откажа моторот на Австралиецот и возачот на Ферари заврши како втор, додека пак последното место на пиедесталот му припадна на Кими Раиконен.
Луис Хамилтон мина како четврти низ целта, но тоа не му значеше многу бидеќи беше доволно за нова, петта титула во „најбрзиот циркус на светот“.