Веројатни состави за финалето во Лигата на шампиони


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане откри дека пред да се пресели на „Енфилд“ бил многу блиску од трансфер во Манчестер Јунајтед.

Сенегалецот во 2016 го напушти Саутемптон и откри дека бил на чекор од трансфер на „Олд Трафорд“, но Клоп е „виновникот“ што го избрал Ливерпул.

„Бев многу блиску до потпис со Манчестер Јунајтед, дури имав средба со нив. Бев таму и разговаравме со Луис ван Гал и тогашното раководство. Тие ми упатија предлог, но истата недела Клоп ми се јави и ми кажа дека Ливерпул е вистинскиот клуб за мене и е убаво ако се придружам. Тоа беше вистинското време и се сеќавам дека воопшто не размислував. Само му реков: Доаѓам во Ливерпул“, открива Мане.

„Додека бев во Саутемптон играв против сите големи клубови, постигнував голови, но некако цело време сметав дека Ливерпул е „мојот“ клуб. Сметам дека Ливерпул е вистинскиот клуб за мене, среќен сум што работам со Клоп, него го сакаат буквално сите играчи“, додаде Сенегалецот.