Софтвер

Веро е новата социјална мрежа која може да го уништи Инстаграм!

Се појави нова социјална мрежа. Се вика Веро и е опасна конкуренција на Инстаграм, а моментално е една од најпопуларните апликации на Аpp Store.

Апликацијата е во целост без реклами, овозможува на корисниците да делат фотографии, додаваат линкови и препорачуваат филмови, серии, книги и емисии на своите пријатели. Веро се опишува како „друштвена мрежа кој ви дозволува да бидете она што сте“. Името Веро доаѓа од италијанскиот збор „веро“ што значи вистина.

Веро засега е бесплатена, но наскоро корисниците ќе мора да плаќаат некој вид претплата, за да се осигура дека социјалната мрежа ќе остане без огласи. Сепак, за првите милион корисници регистрацијата е бесплатна.

На Веро нема огласи, нема алгоритам, нема таргетирање на публиката, се објавуваат хронолошки, а целта е со помош на оваа мрежа да се приближи вистинскиот живот.

Иако многу брзо станува популарна оваа мрежа некои корисници се жалат на проблеми со логирање, а на некои им е тешко да ја користат.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top