Верниците се молат во подруми и гаражи: Единствената европска престолнина која нема џамија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Муслиманите во главниот град на Грција, Атина, како и повеќето други градови во светот, синоќа се молеа на првиот таравих-намаз од овогодинешниот рамазански месец.

Сепак, муслиманите во Атина молитвите ги правеа во гаражите и подрумите, бидејќи во Атина нема ниту една џамија. Атина е единствениот европски главен град кој уште нема ваков верски објект.

Таравих-намаз е намаз кој муслиманите го обавуваат исклучиво во текот на рамазанскиот месец, а се состои од 20 рекати.

Во Грција живеат околу 350.000 муслимани од вкупно 10,8 милиони жители.