Home Актуелно Венко Филипче се врати во неврохируршката операциона сала

Венко Филипче се врати во неврохируршката операциона сала

Министерот за здравство во заминување, Венко Филипче, веќе се врати на својата професионална определеност – неврохирург во скопскиот клинички центар.

На својот фејсбук профил објави неколку фотографии од успешна операција утрово на млада пациентка која имала оштетување на рбетот кој и предизвикувал проблем со одењето.

„Утрово успешно извршивме операција врз млада пациентка, која имаше протрузија на дискус во лумбалниот р’бет, што и предизвикувал проблем со одењето. На моите колеги кои ми асистираа во сала им благодарам. На пациентката и посакувам што побрзо опоравување“, напиша Филипче.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…