Венгер стави точка на тренерската кариера – еве кое е новото работно место на „Професорот“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Поранешниот менаџер на Арсенал, познатиот фудбалски стратег Арсен Венгер и официјално стави крај на тренерската кариера и започна нова работа како амбасадор во ФИФА.

Французинот ќе биде задолжен за глобалниот развој на фудбалот, а денес лично претседателот Инфантино го претстави Венгер во новата улога.

Во последните недели Венгер силно беше поврзуван со клупата на Баерн Минхен, но после добивањето на функција во ФИФА тренерската работа за него е минато.

„Со нетрпение очекувам да го започнам овој важен предизвик. Не само затоа што секогаш сум сакал да го анализирам фудбалот од поширока гледна точка, но и затоа што мислијата на ФИФА како раководен орган е навистина глобална“, изјави Венгер.