Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер призна дека клубот преговара со Борусија Дортмунд за трансфер на Пјер Емерик Обамејанг, но истакна дека Габонецот е само една од можните цели.
Запрашан дали е убеден дека трансферот ќе се реализира до крајот на преодниот рок, Венгер одговори:
„Не знам дали сум убеден, или не. Ниогаш не знаеш колку си блиску. Преговараме за Обамејанг, но имаме и други напаѓачи на ум. Пред нас има многи можности, а се уште не сме донеле крајно решение. Во моментов не сме блиску до ниту еден фудбалер, ни Обамејанг, ни било кој друг“, итскана Венгер.
Според одредени медиуми проблемот за реализација на трансферот е што германскиот клуб сака во зделката да биде вклучен Оливие Жиру, а Венгер коментира:
„Преговорите не се стигнати толку далеку“.