Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иднината на двете ѕвезди на Арсенал, Алексис Санчез и Месут Озил е главна тема во англиските и европските медиуми.
Договорите на двајцата фудбалери истекуваат на крајот на сезоната, а преговорите за продолжување на истите се блокирани.
Венгер се противеше на нивното заминување, иако во летниот преоден рок доби многу понуди, но во јануари двајцата се слободни да преговараат со други клубови и да потпишат преддоговор.
Поради тоа Арсенал ќе се обиде да заработи нешто на нивното заминување, па Венгер денес потврди дека Озил и Санчез можат да бидат продадени во јануари.
„Не можам да исклучам дека двајцата можат да го напуштат клубот уште во јануари. Се уште ништо не е јасно со нивните ситуации и се надевам дека ова прашање набрзо ќе биде затворено“, изјави Венгер.
Најсилен интерес за двајвата фудбалери покажуваат клубовите од Манчестер – „граѓаните“ се заинтересирани за Санчез, додека „црвените ѓаволи“ за Месут Озил.