Венгер понуди 40 милиони, Јувентус се насмеа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Се шпекулираше дека Арсенал е заинтересиран за Даниел Ругани, но Венгер се насочи кон стоперот на Јувентус за кој доби црвена линија.

Телевизијата Скај Спорт јавува дека менаџерот на Арсенал му понудил на Јувентус 40 милиони евра за Меди Бенатија и глатко е одбиен.

Венгер оваа сезона е со тројца стопери во задната линија, со тоа што најстандрден беше Начо Монреал, кому тоа не му е примарна позиција.

Мустафи и Кошчелни се столбовите на одбраната, Мертесакер е на крајот на кариерата и Венгер сакаше да обезбеди уште еден квалитетен стопер.

Не е првпат Арсенал да го бара Бенатија, се обиде да го донесе и во мај 2016. година кога Мароканецот беше на трансфер листата на Баерн, но Јувентус тогаш беше побрз и го зеде Бенатија на позајмица.