Венгер го посочи Јувентус како фаворит во ЛШ и даде коментар за Рамзи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер смета дека Јувентус направил одлична трансфер операција со ангажманот на Арон Рамзи.

Францускиот стратег одлично го познава Рамзи бидејќи заедно работеа во Арсенал, а притоа го посочи Јувентус како главен фаворит во Лигата на шампиони.

„Јувентус заврши одлична работа со Рамзи, бидејќи тој е неверојатен фудбалер. Малку се играчите за врска кои ги имаат неговите квалитети. Арон е способен да се вклучува во напад и да постигува голови. Исто така игра на високо ниво и помага многу во одбрана. Тој е комплетен играч за врска кој можеш да го видиш насекаде по теренот. Тоа е сериозна загуба за Арсенал, а за Јувентус огромна добивка“, истакна Венгер.

„Од Јувентус очекувам да биде балансиран против Атлетико Мадрид, бидејќи тимот на Симеоне знае како да се брани и е многу опасен од контранапади. Јувентус игра добар фудбал и според мене е фаворит. Не знам кој ќе ја освои Лигата на шампиони бидејќи се може да се случи во следните три-четири месеци. Мислам дека има четири-пет тима со одлични шанси да го подигнат трофејот“, заклучи искусниот стратег.

„Во групната фаза Јувентус најмногу ме убеди со стилот на игра и начинот на мислење на теренот. Тимот има се што е потребно за да ја освои Лигата на шампиони и според мене е прв фаворит“, заклучи Венгер.