Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека Арсен Венгер донел конечна одлука за својата иднина и истата ќе ја соопшти на крајот на март или почетокот на април.
Венгер на маса има понуда од „топџиите“ за продолжување на договорот, но Французинот донел конечна одлука и ќе го напушти клубот по завршување на сезоната.
„Мирор“ тврди дека искусниот тренер одлуката јавно ќе ја соопшти на пролет, кога ќе биде јасно дека нема никакви шанси за освојување на титулата во Премиер лигата.
Фрнацузинот ги сврте поголемиот дел од фановите против себе, па повеќето од нив сакаат да му го видат грбот. Многумина сметаат дека тој едноставно ја нарушил својата репутација во изминатите години, особено последната деценија во која освои само две титули во купот.
И самото раководство смета дека сега е вистинско време за промена, а медиумите тврдат дека покрај Венгер, сигурно на лето ќе замине и Алексис Санчез кој донел конечна одлука да не го продолжува договорот.