Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Претседателот на Венецуела Николас Мадуро и неговиот ривал, лидеот на опозицијата Хуан Гуаидо ги повикаа своите поддржувачи да излезат на улица.
Повикот за протести дојде во време кога земјата е во хаос поради општиот недостаток на електрична енергија.
Откако вчера Венецуела е без струја, откажани се многу летови, скратено е работното време, болниците не работо со полн капацитет, ограбени се многу продавници. Власта и опозицијата се обвинуваат меѓусебно за падот на електричниот систем.
-Го повикувам народот на Венецуела масовно да излезе на улица против корумпираниот и неспособен режим, кој не однесе во мрак, напишал на Твитер, самопрогласениот привремен претседател Гуаидо.
Мадуро пак од друга страна ги повика граѓаните да излезат на улица против империјализмот.