Венчавка „во воздух“: Се венчаа 122 метри над кањонот во Јута (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Американски пар сакаше нивната венчавка да биде настан кој не само што тие ќе го паметат до крајот на животот, туку и пошироката јавност долго ќе го памети и зборува.

Рајан Венкс и Кимберли Веглин се венчаа 122 метри над кањонот во Јута, разменувајќи си прстени и ветувања на шарена мрежа оптегната над длабокиот природен засек. Под нив беа нивните пријатели и семејствата.

Церемонијата беше одржана во Моаб, Јута, а девојките кои носеа цвеќе на крајот од работ на кањонот скокнаа со падобрани.