Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Хрватскиот музичар Марко Шкугор објави видео од една венчална церемонија на која тој ја изведува неговата песна „Samo s tobom sam upoznao ljubav“, со која буквално до солзи ги трогна сите присутни на венчавката во црквата – од невестата и кумата, до сватовите позади.
Невестата и кумата (посебно вторава) не престануваа да ги бришат солзите од лицето, а и на останатите сватови очите им се наполнија со солзи трогнати од изведбата на Марко во придружба на гитара.
Изворно тој песната ја изведува со Оливер Драгојевиќ.