Венчавка на 6.000 метри надморска висина – вака изгледа тоа (снимка)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Новопечениот брачен пар Нони Пачеко и Хејди Пако се венчале на врвот Илиманија, планина во западна Боливија, пишува Метро.

На двојката и на сите учесници во венчавката им биле потребни три дена да се искачат на врвот на планината.

Hони и Хејди, кои се од боливискиот град Кочабамба, ги кажале своите завети на 6.439 метри надморска височина.

„Тие се и спортисти и љубители на природата, како и љубители на планините. Затоа одлучија да се венчаат на врвот на оваа планина”, вели Агустин Гонзалес, планинар и кум.

Неколку сватови ја носеле венчаницата, украсите и храната за прославата, со што им било уште потешко да стигнат до врвот, бидејќи носеле дополнителни 20 килограми тежина.

Двојката имала многу среќа со времето, бидејќи цело време било сончево и пријатна температура, а видеото од венчавката е објавено на Јутјуб.