Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во просториите на Министерството за внатрешни работи, денес веќе бившиот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазе Велковски, официјално му ја предаде директорската функција и должност на новоназначениот прв човек на БЈБ, Сашо Тасевски.
Тасевски вчера, на владина седница, ја доби довербата да го води БЈБ.
Претходно, Лазе Велковски, исто така по одлука на Владата, а на предлог на министерот за внатрешни, Оливер Спасовски беше разрешен од функцијата поради скандалот со џипот кој ја превезувал неговата ќерка до одморалиште во Грција.