Величествената психолошка улога на таткото


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Мајчинството често го презема приоритетот во однос на татковството кога станува збор за одгледување на дете, но дали знаете дека таткото игра ПОДЕДНАКВО важна психолошка улога во подигањето и воспитувањето на едно дете?

Во едно видео објавено од Full Frontal Fatherhood, истакнатиот Џулијан Редвуд потенцира дека улогата на татко во равенката мајка-дете е подеднакво важна за психолошкиот развој на детето.

Julian Redwood, семеен терапевт, исто така ја илустрира динамиката на современите семејства, како на пример сингл-родителите и понатаму објаснува зошто е неопходно уште една личност да биде вклучена во улога на родител. Тоа е суштински важно, бидејќи детето треба да биде одгледано со разбирање дека тоа не е само дел од неговата мајка или тој сингл-родител, туку е индивидуа што е независна од неговиот/неговите родител/и.

Кога едно дете е одгледувано само од еден родител, најчесто се формира еден вид на зависност. Иако детето учи да биде одговорно и учи за самото себе, понекогаш растејќи пребрзо, тоа може да почувствува притаена грижа како “Што ќе прави без мене?”

Иако Џулијан зборува за традиционалните улоги на мајката и таткото во одгледувањето на дете, вистински здрава врска е онаа која им допушта на двата родители да се во можност да се замешуваат и во “машките” и во “женските” влијанија што одат со родителството.

Без да се прават стереотипи, генерално ова е еден од познатите начини да му се помогне на детето да се судри со тој ментален баланс и уште повеќе да се стекне и да ги вклучи двата видови квалитети во својата личност, карактер и секојдневен живот – и оние што се поврзани со женската и оние што се поврзани со машката природа.

Тоа вклучува придвижување кон тоа да се биде повеќе практичен или емпатичен, да се биде грижлив, но да се знае кога не треба да се дозволи да си искористен, да се разбран, но не манипулиран, да се поседува внатрешна сила, но и да знаеш дека е во ред да ја покажеш и својата ранлива страна и да се знае кога треба да си претпазлив, а кога да преземеш ризик.

Според него, „Ваквото одгледување (не мора да од жена) е едноставно некој што ќе посвети време да го негува развојот на детето и ќе излезе во пресрет на неговите потреби. Мозокот на детето има потреба од ваквите сврзувања за да се организира себеси правилно, и без тоа луѓето буквално се втурнуваат кон различни нивоа на психички проблеми.”

Уште повеќе, детето да има ДВА РОДИТЕЛИ во животот, значи да му биде овозможено да биде изложено на повеќе од само еден агол на гледање. Детето не треба да има само една примарна референца за градење на карактер. Треба да му биде овозможено на децата да растат гледајќи двајца луѓе со различни погледи, од различни гледни точки.

Тоа, исто така им помага на децата подобро да комуницираат со средината, да градат пријателства и други врски. Овие психолошки олеснувања не можат да се научат на училиште ни од книга.

Во животот на детето потребен е темел изграден од два карактери посветени на една цел – благосостојба на детето!Скоро како да се гради Јин и Јанг на психолошкиот баланс за детето, ова е тоа што им помага или одмага на децата при нивното соочување со надворешниот свет.

Значи, ете зошто ние сите ги сакаме нашите татковци и како што истражувањата сугерираат, ете зошто татковците играат толку величенствена улога во нашите животи.

Извор: Презумпција за Еднаква Родителска Одговорност