ВЕЛИЧЕСТВЕНА УБАВИНА: Дали знаете што симболизираат кристалните лустери?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сигурно сте се запрашале што симболизираат кристалните лустери во храмовите, во палатите и луксузните објекти. Зошто, од кога и каде се поставуваат?

Порано во храмовите и во палатите се поставувале свеќи за осветлување, па првите средновековни лустери биле со голем број свеќи на нив и биле со мошне богата декорација, која вклучувала и скапоцени камења, а кои со производството на кристално стакло по 18 век, вклучувала и кристали, бидејќи кристалите прекрасно ја дисперзираат светлината, и даваат посебен духовен елемент на самата светлина. Основата на лустерите често е позлатувана, или пак направенa од месинг. Со преминот на електричната енергија, свеќите се заменувале со електрични светилки, а кристалите се ставале се погусто и од практична причина, бидејќи така не се гледаат внатрешните светилки.


Кристалните лустери се неодминлив декор на палатите, како и божјите храмови ширум светот. Денес се поставуваат и во хотели, ресторани, сали за свечености, претседателски и други државни палати, како и во полуксузни домови. Ги има во најразлични форми и секако дека освен декоративна, имаат и симболична и историска вредност.


Кристалните лустери ја симболизираат божествената чистота и светлина. Во христијанските кругови, се вели дека кристалните лустери го симболизираат и Светиот дух. Тој е оној кој е постојано околу нас и кој го осветлува просторот околу нас. Потоа формата на овие кристални лустери го симболизираат и небесниот свод, а светилките всушност ги претставуват ѕвездите.


Самите кристали кои се ставаат на овие полиелеи ги симболизираат и ангелите. Нивната чистота и бескрајна светлина на небото.


Во Македонија веќе долго време работи брендот СДК (Светлина, Дизајн, Квалитет) од каде што се рачно изработени и најголемите кристални лустери во Македонија, а веројатно и на Балканот. Нивни кристални полиелеи красат над 200 храмови во нашата татковина (цркви, џамии), како и во голем број други комерцијални објекти и приватни домови.


Поголеми кристални лустери од овој бренд се поставени во храмот Пресвета Богородица во Скопје, храмот Св. Наум Чудотворец во Радишани, во храмови во Шведска, Австралија, Канада, САД, БиХ, а нивна најголема гордост е титанскиот полиелеј поставен во Црна Гора со димензии 4*6.5 метри.

Секој лустер го изработуваат строго по нарачка, па иако брендот нуди веќе препознатливи модели, често создаваат и нови, по барање на купувачот. Користат првокласни кристали од Венеција, Италија, а нивните лустери се украс и за сечиј дом кога сопственикот сака уникатност, стил и долготрајна вредност која може да се пренесува од колено на колено.

СДК (Светлина, Дизајн, Квалитет)