Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Вториот ден од новата година бил несреќен за велешки ловџија, кој се самоповредил со истрел од сопствената пушка. Поради сериозноста на повредата, човекот бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје. Од МВР го потврдија инцидентот, кој се случил во велешкото село Ораовец.
Оттаму истакнуваат дека вчера околу 6 часот и 30 минути во дворот од куќата каде живеел, Т.И. (66) се самоповредил со еден истрел од ловџиска пушка. Кога излегувал од дома на лов, во дворот се лизнал на мразот и при падот пушката пукнала по што човекот се здобил со повреда на десната рака. Неговите домашни веднаш го пренеле во Велешката болница.
Пушката била ловечки карабин 8,57 мм, а Т.И. ја поседувал со дозвола, велат од МВР.
Од ЈЗУ Општа болница – Велес информираат дека пациентот бил веднаш опериран, но поради тешката повреда на десната рака до надлактицата веднаш бил префрлен на Ургентен во Скопје.
Од Ловното друштво Руен од Велес објаснуваат дека Т.И. важел за многу совесен и дисциплиниран ловец, но едно невнимание и прекршување на ловечкото правило дека куршум никогаш во пушка, освен на лов, кое овој пат тој не го применил, го чинело тешка повреда.