Велешанка со инвалидитет со означено возило паркирала на паркинг за лица со хендикеп – добила казна оти регистрацијата не била скопска


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Велешанка со инвалидитет казнета во Скопје зашто паркирала на место обележано за инвалиди. Билјана Гаврилова-Станковска морала да плати 3 илјади на ЈП Градски паркинг денари да го отстрани блокаторот од нејзиното возило, бидејќи местото, според надлежните, било наменето само за возила со скопски регистрации.

За лицата од внатрешноста не следувал бесплатен паркинг, па и покрај ознаките за инвалидитет, биле обврзани да платат со СМС порака.. Се шокирала од објаснувањето дека нема право на паркингот зашто е од друг град па Гаврилова-Станковска, прашува дали кога доаѓаат во Скопје, исчезнува нивната инвалидност?

Од здружението мобилност велат дека Скопје е единствениот град во Европа кој има двојни аршини за лицата со инвалидност. Паркингот за нив е секаде бесплатен без разлика од каде доаѓа возилото.

Својот проблем Билјана и јавно го сподели на фејбуск па како што вели за него дознал и директорот на Градски паркинг. Ветил враќање на парите од казната и смена на правилникот за кој сега не постојат лица со инвалидитет надвор од Скопје.

Првиот човек на градски паркинг, Крсте Петревски, не одговараше на телефонските повици, па за јавноста останува непознато како може да биде забрането паркирање на обележаните места за лица со хендикеп од другите градови.