Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Велешанката Моника Јовановска била претепана и силувана, поради што претрпела сериозни трауми, а цели шест месеци чека Основното јавно обвинителство да покрене обвиение против насилникот.
Јовановска за ТВ 24 раскажува и со документи го поткрепува случајот за кој вели дека била брутално тепана со тупаници, клоци, силувана, па повторно тепана од 32-годишен велешанец, со кој претходно била во врска.
Настанот се случил ноќта на 2 август на автопатот Скопје-Велес. На враќање од кафе-ресторан, каде што биле да разговараат, а Моника одбила да ја продолжи врската со него.