Велешанец удрил полицаец со камен по глава и го онесвестил


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Вчера околу 18 часот биле нападнати полицајци по интервенција за нарушување на јавен ред и мир на улица Благој Страчковски во Велес.

Полициски службеник од Велес бил удрен со камен по главата, откако се обидел да одбрани друг полицаец да биде нападнат. Тој го фатил напаѓачот за двете раце, но тој успеал да се оттргне и со каменот да го удри по главата. Повредениот полицаец изгубил свест, а напаѓачот побегнал во непознат правец.

На повредениот полицаец му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување.

По преземените мерки за идентификување на напаѓачот било откриено дека станува збор за Б.З. 22 години од Велес, а полицијата во моментов трага по него и работи на целосно расчистување на случајот.