Велес во одбрана на градските дрва – забрането лепење некролози и други работи на стеблата


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Со одлуката која ја донесе локалната самоуправа на Велес, на територијата на градското подрачје од оваа општина се забранува лепење на плакати, некролози и други материјали на дрвата кои можат да им наштетат на стеблата.

Општина Велес забрани на дрвјата на јавните површини низ градот да се лепат плакати, некролози и да се поставуваат електрични инсталации, метални држачи, рекламен и пропаганден материјал, предмети, шајки, како и лепак, бои, вар и слично, за да не се предизвикаат оштетувања, заболувања или нагрдувања на дрвјата, пренесува МИА.

Како што информираат од Општината, забраната е во согласност со новата одлука за управување со зеленило на територијата на Велес, што стапи на сила на 27 јуни.

Тие информираа дека ЈКП „Дервен” континуирано ќе врши отстранување на сите материјали и предмети од дрвјата.

Од Општина Велес ги повикуваат граѓаните да не поставуваат некролози и други материјали на дрвјата за да се создадат услови за подобар развој на зеленилото и така да придонесат за заштита на урбаното зеленило за сите генерации.

Тие воедно ги известуваат сите физички и правни лица дека не е дозволено какво било сечење и кастрење на зеленилото на јавните површини и во приватен имот без дозвола.

„Доколку имате забележано дрво кое е оштетено, поднесете до нас барање. За постапување со оштетени дрвја формирана е комисија која ќе спроведе постапка за сечење, односно кастрење на оштетените дрвја“, посочија од Општината Велес.

Воедно информираат дека во есенскиот период при создавање поволни услови ќе спроведат акција за садење на високи дрвја на сите слободни места во градот и околината.