Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кинеската актерска икона и една од најплатените глумици во светски рамки, Фан Бингбинг, буквално исчезна од јавноста и секојдневието без трага. Од актерката, која ја стекна славата во филмовите „Ајронмен“ и „Иксмен“, веќе три месеци нема ни трага ни глас.
Американските медиуми пишуваат дека Бингбинг веројатно е уапсена во тајност поради наводно даночно затајување со кое ги налутила кинеските власти. Текстот кој на 6 септември го објави државниот медиум „Секјуритис дејли“, а во кое е наведено дека Бингбинг е под надзор и дека се очекува законска пресуда, набргу бил избришан. Во исто време нема никакви официјални информации за обвиненијата, како ни официјални информации за наводната истрага против Фан.
Си-ен-ен објави дека нејзините проблеми почнале во мај годинава која во јавност излезе нејзин филмски договор. Според пишувањето на државниот таблоид „Глобал тајмс“, Фан имала два различни договори – еден службен во кој пишувало дека е платена околу 1,5 милиони долари и друг приватен со кој добила 7,5 милиони долари. Оваа пракса во Кина е позната како „јин-јанг договори“.
Нејзините договори во јавност ги објави водителот Цуи Јонгјан кој во јуни ѝ се извини на актерката.
Кинеските власти годинава почнале истрага за „јин-јанг договорите“ во филмската индустрија во Кина. Потоа без причина биле повлечени сите реклами во кои се појавува Фан, а актерката не е активна на социјалните мрежи три месеца.
Пиар тимот на актерката ги отфрли сите обвиненија.