Веќе не се кираџии: Барак и Мишел Обама си купија куќа во Вашингтон за 8 милиони долари


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бившиот американски претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел очигледно многу се вљубија во куќата во Вашингтон, во која живеат под кирија, па одлучија да си ја купат истата за 8 милиони долари. Портпаролот на Обама, Кевин Луис, ја потврди купопродажбата.

„Со оглед дека Обама и неговата сопруга ќе живеат во Вашингтон уште најмалку две години, за нив беше најлогично да си купат куќа, наместо да плаќаат кирија“, изјави Луис.

Семејството Обама кажа дека ќе останат во Вашингтон додека нивната помала ќерка Саша не заврши средно школо во Сајдвел Френд Скул, каде оваа година ќе се запише во прва година.

Куќата на бившиот претседател на САД е проценета на 6,1 милион долари, што е за 2 милиони помалку од сумата која ја плати Обама. Камената куќа е изградена во 1928 година, има девет соби, осум бањи, гаража за два автомобили и паркинг кој може да собере до десет возила.