Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Откако пред неколку дена, по подолго време, објави нова песна – хит-синглот Easy On Me во кој зборува за разводот, Адел е видена во друштво на своето ново момче.
Пејачката не крие колку е среќна, а познатата двојка е видена на отворањето на сезоната во НБА, на натпреварот на Лос Анџелес Лејкерс и Голден Стејт Вориорс во Стејплс центарот во Лос Анџелес. Ниту поразот на домашниот тим не им го расипа доброто расположение. Имено, тие не ја симнаа насмевката од лицата, уживајќи во вниманието на присутните фотографи.
Откако се разведе од милијардерот Сајмон Конецки, со кого беше во брак пет години и со кого го има деветгодишниот син Анхел, 33-годишната Адел среќата ја најде со седум години постариот спортски агент Рич Пол.
Таа неодамна зборувала за својата нова љубов во списанието „Вог“, на чија насловна страница ги зашемети сите со својот изглед, и призна дека е воодушевена што Рич не е премногу фасциниран од нејзината глобална слава. Истакнала и дека нашла нова љубов токму во моментот кога починал нејзиниот татко, а токму Рич бил голема утеха за неа.
View this post on Instagram
Патем, нивната врска започна да се зборува уште во мај, но на почетокот се криеле, па затоа папараците имале прилично напорна задача. Но, сега Адел јасно стави до знаење дека повеќе нема намера да се крие.