Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во моментите кога Евертон го претставуваше Никола Власиќ, најголемата ѕвезда на клубот, Вејн Руни бил во затвор.
Според „Mirror“, поранешниот капитен на англиската репрезентацијата бил уапсен во четвртокот навечер во близина на својот дом во Чешир поради сомнеж за возење под дејство на алкохол. Руни (31) одлучил ноќта да ја помине надвор, а излегувањето очигледно било надвор од контрола.
Wayne Rooney arrested for drink driving after being stopped by police in Cheshire https://t.co/60MEx2HkNN pic.twitter.com/N3EnbCi2a3
— MailOnline Sport (@MailSport) September 1, 2017
Ваков инцидент на Руни не е никаква новост. Во ноември минатата година по победата на Англија против Шкотска, тој во алкохолизирана состојба влезе на свадба во еден хотел, а камерите го фатија како едвај зборува.
Инаку, сопругата на Руни, Колин пред неколку дена објави дека го чека четвртото дете. Семејството наскоро планира да се пресели во вила во вредност од повеќе од десет милиони фунти.