Веибо Груп предновогодишно отпушти 85 вработени


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Турско-кинеската компанија Веибо Груп на 85 вработени денеска им даде отказни решенија. Тоа е истата Веибо Груп за која беше најавено дека ќе инвестира 400 милиони долари, а ќе обезбеди 5600 нови работни места.

Компанијата во слободната зона во Ранковце од лани ја следат контроверзи, откако ја замрзна мега инвестицијата. Како причина ја наведоа неможноста за наоѓање на соодветна работна сила за реализација на големите производни таргети за потребите на постојната фабрика во Крива Паланка за задоволување на своите интернационални клиенти, меѓу кои и за Зара.

Во фабриката беа вработени 600 лица,а според плановите на инвеститорите од пред повеќе од една година, до јуни годинава требаше да бидат вработени 1000 вработени лица. Наместо тоа, пред Нова Година, вработените ги шокираше веста дека остануваат без работа.