Home Вебкафе Вечерва небото ќе го осветли првата Супермесечина за 2020 година

Вечерва небото ќе го осветли првата Супермесечина за 2020 година

Вечерва, ноќното небо ќе го осветли третата по ред полна Месечина во 2020 година, која воедно е и прва Супермесечина за оваа годинава. Кога Месечината е во ваква позиција изгледа како да е посветла и поголема од стандардната полна Месечина.

Полната Месечина се појавува на секои 29,5 дена кога е целосно осветлена со сончевите зраци, а овојпат го означува почетокот на пролетта бидејќи е последна полна Месечина во зимската сезона.

Индијанците не го бележеле времето со користење на месеци од нашиот календар, туку племињата на секоја полна Месечина ѝ давале прекар за полесно да ги следат годишните времиња и месеците. Едно од најпопуларните имиња за мартовската Супермесечина е Worm Moon или Месечина на црвот.

Тоа е последната полна Месечина во зимската сезона, а името го добила бидејќи времето станува сè потопло па глистите од земјата излегуваат и почнуваат да ја подготвуваат почвата за првите земјоделски работи, најавувајќи дека конечно доаѓа пролетта. Позната е и како Шеќерна месечина, бидејќи тоа е време кога почнува да тече сок од стеблата на јаворите.

Денешната Месечина е првата од три Супермесечини во 2020 година и ќе биде овогодинешната најблиска Месечина до Земјата.

Најполна ќе биде денеска во 18 часот и 47 минути.

Експертите велат дека 2020 година ќе биде навистина посебна што се однесува до небеските феномени, а Супермесечината во април наводно ќе биде уште поспектакуларна и поголема. Во април полната Месечина се нарекува и Pink Moon или Розева Месечина поради розевите цветови кои цветаат во рана пролет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Хелена Кристенсен: Тајните на блескавата убавина на супермоделката

Кои се ритуалите и третманите за лице што ги следи славната данска убавица и поранешен Вик…