Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Мадридскиот весник „Марка“ прецизно пресмета – на теренот вечерва ќе се најдат фудбалери чија вредност изнесува 1 милијарда и 200 милиони евра.
Толку вредат тимовите на Реал Мадрид и ПСЖ кој во изминатите години вложи богатство во нови фудбалери. Двата клуба неколку пати во изминатите години го рушеа светскиот трансфер рекорд.
Најпрво светски рекордери беа Роналдо и Бејл со по 94 односно 100 милиони евра, а Нејмар минатото лето беше платен 222 милиони, додека Мбапе 180 милиони евра.
Ако се гледа моменталниот состав, Реал Мадрид вложил половина милијарда евра за 23 фудбалери кои моментално му се на располагање на Зидан.
Од другата страна ПСЖ е поскап, но само поради фактот што во последните години цените на фудбалерите значително пораснаа. Моменталната вредност на тимот на Емери изнесува точно 756 милиони евра.
Се е спремно за спектакл на „Сантиаго Бернабеу“.