Вечерва на полноќ се намалуваат цените на горивата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од вечерва по полноќ на сила стапуваат нови, намалени цени на нафтените деривати, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на бензинот се намалува за 2,5 денари по литар, а на дизел горивото за 1,5 денари. Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 ќе изнесува 81 денар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 83 денари за литар, додека дизел горивото ќе чини 82 денари, а литар нафта за домаќинствата 78,5 денари, која поевтинува за 1 денар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,976 ден/кг и ќе изнесува 54,154 денари за килограм.

Регхулаторната комисија информира дека малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 2,50 % во однос на последната ценовна промена.

Комисијата уште еднаш потсетува дека тоа се максималните цени, а дека трговците може да горивата да ги продаваат и по пониски цени.