Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Со истовремени вечерни проекции во Скопје, Охрид, Штип и Битола, вечерва, 1 ноември, ќе се одржи официјалната македонска премиера на најновото филмско остварување на Милчо Манчевски, „Врба“.
Официјалната премиера за домашната публика ќе биде во филхармонијата од 20.30 часот, а премиери во Скопје ќе има и во кината „Милениум“ и „Синеплекс“ со што почнува и редовното киноприкажување на филмот.
Светската премиера беше на 19 октомври во официјалната селекција на филмскиот фестивал во Рим. „Врба“ е филм за лојалност, љубов, доверба и мајчинство, кој спојува приказни за три млади мајки – едната приказна се случува во 17 век, а другите две се современи. Тие се надополнуваат, а во исто време се и контраст една на друга.
Според режисерот Манчевски, секој филм создава свет и гледачот го сака филмот ако успее да влезе во него и ако тој некаде го однесе.