Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Невремето кое вчера попладне го зафати Скопје остави зад себе паднати дрвја, бандери со струјни и телефонски кабли, поплавени улици, оштетени возила, како и откорнати покривни конструкции.
Дел од пријавите кои пристигнаа до Центарот за управување со кризи за паднати кровови и дрва се во населбите Лисиче и Маџари, а поплавените улици се во скопски Чаир. Штети имаше и во други скопски населби како Драчево.
Центарот за управување со кризи претодно информираше дека нестабилна облачна маса од територијата на Косово се префрла кон државава и се очекува во наредниот час да го зафати подрачјето на Скопската Котлина, особено нејзиниот источен дел, како и Кумановскиот регион.