Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Глобалните апликации за следење на загадувањето ширум светот, вчера вечер го рангираа Скопје на шестото место на листата најзагадени градови во светот.
Индексот, кој го сочинуваат вредностите од ПМ10, јаглерод моноксид, јаглерод и натриум диоксид и озон, за Скопје покажа вредност од енормни 160, и градот се најде во друштво со традиционално најзагадените градови како Лахоре, Њу Делхи, Ченгду и Пекинг.
Најголемо аерозагадување покажа мерната станица кај ректорат, со 240 пм10 честички на кубен метар, што е околу 5 пати над дозволеното.
Изутринава на истата станица загадувањето изнесува 157 пм2,5.
Потсетуваме дека мерните станици во Лисиче и Гази Баба, кои важат за едни од позагадените реони во земјава, веќе подолго време не се во функција.