Вчера црн ден и рекорд на смртност во Македонија: Од КОВИД-19 во 24 часа починаа 46 пациенти


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Вчерашната среда беше најцрн ден од почетокот на епидемијата на коронавирус во Македонија. 46 пациенти ја загубија битката со вирусот во само 24 часа. Според официјалните информации дури 19 се од Скопје а најмладиот има само 28 години, пренесува Гласот на Америка.

„Починати се 46 лица, деветнаесет пациенти од Скопје, еден од Дебар, еден од Штип и еден од Прилеп, пет пациенти од Тетово, двајца од Струга, тројца од Велес, тројца од Охрид, еден пациент од Кавадарци, еден од Гостивар, тројца од Струмица, двајца од Кочани, еден од Демир Хисар, еден од Македонски Брод и двајца пациенти од Кичево. Од нив седум пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови“, соопштија од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие се регистрирани 504 новозаболени од Ковид-19 но малата бројка се должи на фактот што вчера беше државен празник и неработен ден. Направени се само 1.470 тестирања од кои 34,2 отсто се позитивни.

Бројката на жртви ја надмина границата од две илјади – 2.026 лица кои починаа како последица на Ковид-19.Во моментов активни се 21.579 случаи од кои речиси половина се во Скопје – 10.886.

Критична е состојбата во уште неколку града. Во Тетово во моментов има 1.024 заболени, во Прилеп -961, Гостивар – 916, Битола – 879, Велес – 694, Куманово – 655, Струмица – 592, Кавадарци – 584 и Охрид каде има 558 активни случаи. Трицифрени бројки на заболени има во уште 14 други градови низ државата.

Во Ковид центрите, на инфективните одделенија и во болниците во Скопје и во внатрешноста на државата се хоспитализирани вкупно 1.376 пациенти а според министерството за здравство на располагање има 160 слободни кревети. Од нив 496 се на кислородна поддршка а деветнасестмина се приклучени на респиратор.

Ковид центарот кој го опремија приватните бочници и кој располага со уште 100 кревети, иако опремен, сеуште не почна да функцниора поради бироктарски пропусти и неажурност.

Институтот за Јавно здравје (ИЈЗ) денеска го објави извештајот за периодот од 30 ноември до 6 декември според кој се бележи намалување на бројкките во сите категории – новозаболени, оздравени, тестирања и смртни случаи.

Минатата недела се регистрирани 6.463 новозаболени во 35 градови во државата што е за 4,2 отсто помалку споредено со неделата претходно. Најголем број се во Скопје – 2.610 или 40 ,4 отсто до вкупната бројка на нови случаи.

Во овој период починаа 184лица од 25 градови а тоа е за 10.7 отсто помалку од претходниот период. Најголем број од починатите се лица над 60 години – 158 случаи.

„Најголем дел регистрирани во Скопје, Тетово, Куманово, Прилеп, Штип, Гостивар, Битола и Велес додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Прилеп, Штип и Охрид. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга“, стои во анализата на ИЈЗ.

Највисока кумулативна инциденца има во Штип каде на 100 илјади жители има 5.498 заболени а потоа е Скопје со 4.788 на 100 илјади жители.

Од почетокот на епидемијата најмногу починати се регистрирани во Скопје – 610 лица.

„По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 5.313 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 10,4% помалку во споредба со минатата недела“ стои во извештакот на ИЈЗ.

Кога станува збор за тестирањата се бележи пад на вкупнот број направени тестови за 7 отсто а направени се 17.465 тестирања во државните и приватните центри

Според категоризацијата на ризикот државата е во фаза 4 односно широко распоространета трансмисија во заедницата.