Вчера почина Жарко Луковски – бившиот извршен директор на „Т-Мобиле“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вчера, во попладневните часови, во болница почина бизнисменот и бивш главен извршен директор на „Т-Мобиле“, Жарко Луковски. Луковски почина на 57-годишна возраст, како последица на мозочниот удар кој го доживеал завчера.

Името на Жарко Луковски последниве години во јавноста се поврзуваше со многубројните скандали во кои беа замешани личности од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, контроверзната офшор-фирма Ексико, случајот „Базни станици“ на СЈО, во случајот „Рекет“ како еден од бизнисмените од кои биле изнудувани пари, како и други контроверзни бизниси. Кум му беше Сашо Мијалков кој му кумуваше на неговата свадба.

Од 2006 до 2010 година беше претседател на Одборот на директори и неизвршен член на ОД на Т-мобиле. Луковски беше член на Надзорниот одбор на МЕПСО, претседател на Управниот одбор на Мобико, проект-менаџер во Ексико, генерален директор на Комтрејд – Скопје.

Дипломирал на универзитетот Свети Кирил и Методиј – Скопје, Електротехнички факултет, насока Информатичка технологија.