Home Спорт Вчера имало средба за иднината на Роналдо – Португалецот останал незадоволен

Вчера имало средба за иднината на Роналдо – Португалецот останал незадоволен

Агентот на Кристиано Роналдо, Жорге Мендеш вчера имал средба со клупското раководство на Реал Мадрид за да разговара за иднината на Португалецот на „Сантиаго Бернабеу“.

Информацијата ја објави шпанската телевизија „El Chiringuito“, која не посочува за што точно се разговарало, но открива дека резултатите на разговорите не му се допаднале на Роналдо. Португалецот останал незадоволен од позицијата на клубот за неговата иднина.

Уште после финалето од Лигата на шампиони Роналдо крена голема прашија откако зборуваше во минато време за Реал Мадрид. Потоа ѕвездата на „кралевите“ истакна дека ќе ја открие својата иднина „после неколку дена“.

Тогаш стана јасно дека Роналдо не е задоволен на „Сантиаго Бернабеу“ и веднаш се појавија шпекуалции за негов евентуален трансфер во ПСЖ.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…