Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред две години Хаким Мастур важеше за најголемиот талент на стариот континент и за идна ѕвезда на светскиот фудбал.
Сидорф додека го тренираше Милан му даде шанса во првиот тим иако имаше само 16 години, а наредното лето „росонерите“ се одлучија да го испратат на позајмица.
Мастур замина на едногодишна позајмица во Малага, но таму не импресионираше и на крајот на сезоната се врати во Милан.
Оваа сезона Мастур е на позајмица во холандското првенство, во екипата на Цволе, но и таму не добива шанса и главно ја грее клупата за резерви.
Мастур воопшто не напредуваше во изминатите две години и практично е заборавен на европската сцена. Сепак, има само 18 години и доволно време да го покаже својот талент, кој е неспорен.