Важен апел од ФФМ до македонските навивачи во Букурешт


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денес излезе со апел до македонските фанови кои ќе присуствуваат на утрешниот меч од ЕП против Украина.

„Апелираме до сите навивачи и поддржувачи на македонската репрезентација кои имаат влезница за утрешниот натпревар со Украина на Националната арена во Букурешт, доколку се во можност, денеска да обезбедат алка за негативен Ковид-19 тест (задолжителна за влез на стадионот), од причина што организаторите на натпреварот очекуваат голем број навивачи на двете репрезентации да пристигнат во Букурешт во текот на утрешниот ден“, стои во соопштението.

Алките за негативен Ковид 19 тест се обезбедуваат во акредитираните медицински центри на УЕФА, кои ги има на неколку локации во Букурешт.