Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кога седите на маса, друштво, и ако еден од екипата не го разбира јазикот на другите, сигурно ако не сите, барем еден ќе се потруди најдобро што може да му го преведе секој муабет, за да може и тој да се вклучи во дискусијата и обратно, да бидат преведени неговите зборови, за сите останати да можат да го разберат.
Или сите ќе прават муабет на англиски (ако го знаат), од почит и култура кон тој еден кој не го разбира нивниот јазик.
Да не правиме муабет за официјални настани, промоции, конференции, трибини, дебати, од научен, културен и друг карактер. Таму преведувачите се однапред обезбедени.
За официјални функционери, министри и останат политички естаблишмент платен директно од џебот на граѓаните, не сакаме ни да коментираме. На крајот, може да се констатира дека не ќе да е проблемот до законот за двојазичност (никој никому не сака да му забрани да се изрази на јазик кој е и официјално признат и воведен во институциите) – туку до некултурата, простотилакот и примитивизмот на функционерите е.
Еве на што личи тоа во пракса.