Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
На вчерашната собраниска седница беа донесени измени во Законот за добивка на кој се темелеше и ваучер системот за помош на спортот. Помошта која ја имаа клубовите, федерациите и спортистите веќе нема да ја добиваат, или барем не на начинот кој беше актуелен во изминатите години.
Ваучер системот кој за некои клубови и спортисти беше единствениот извор на финансии веќе го нема. Државата реши да направи измени во Законот за добивка и да го укине.
Со претходниот Закон компаниите имаа можност дел од годишниот данок на добивка наместо на државата да го уплатат на спортските клубови, спортистите или федерациите. Максималната сума која можеа да ја добијат спортските чинители ја одредуваше Агенцијата за млади и спорт (АМС).
Со денешните измени на Законот, се укинува можноста компаниите дел од данокот за добивка да го донираат во спортот, целата сума ќе оди на сметка на државата.
„Со членот 30-а од Законот е предвидено даночно ослободување за даночните обврзници кои донираат во спортот. Имено истите имаат право на намалување на пресметаниот данок на добивка за дадените донации на спортски субјекти. Во насока на изедначување на третманот на дадените донации во спортот со донациите во другите области, како и разгледување на можноста за обезбедување на друг начин на поддршка на развојот на спортот се утврди дека е потребно да се избрише постојното даночно ослободување на обврзниците за дадените донации во спортот“, се вели во објаснувањето за измените кои стапуваат на сила од 1 јануари 2024 година.
Државата претходно најави дека помошта во спортот нема да изостане, само ќе се промени начинот на кој таа ќе се доделува. Наместо преку компаниите, ќе биде директно од државата. Но, засега нема донесено регулатива за замена на укинатиот ваучер систем.
Доколку до крајот на годината државата не донесе регулатива за помош во спортот, укинување на ваучер системот ќе биде голем удар за клубовите и спортистите.