Актуелно

Вартоломеј: МПЦ останува под канонска јурисдикција на СПЦ

Според изјавата од вселенскиот патријарх Вартоломеј, Вселенската патријаршија нема да направи промени во однос на канонската јурисдикција на СПЦ над МПЦ.

Вселенскиот патријарх Вартоломеј изјави дека Цариградската патријаршија нема да го менува Уставот на Српската православна црква и нејзините граници, иако некои го поистоветија случајот на Украина со Скопје и Црна Гора, кога на некои локални црковни структури им беше дадена автокефалија и покрај спротивставувањето на Руската православна црква.

„Во овој момент, за жал, постојат многу дезинформации. Некои го изедначуваат случајот на Украина со Скопје и Црна Гора, и тоа го прават многу вешто, затоа што сакаат да ја свртат СПЦ против Цариградската патријаршија”, рече патријархот Вартоломеј за Политика.

Тој рече дека „многу епископи на Српската православна црква се плашат дека она што се случи таму ќе се повтори и во Црна Гора и во Охрид. Можам да ве уверам дека работите не се такви.”

„Разликата во однос на Украина, канонски и еклисиолошки (црковно) е во тоа што Русија ја окупирала митрополијата на Киев, таа никогаш не им била дадена на Русите, а сè што има Србија не нејзина припадност, и црковно и канонски. Вселенската патријаршија нема намера да го менува Уставот на СПЦ, ниту нејзините граници, доколку тоа не е проследено со договор и соработка“, изјави Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Руската православна црква го обвини патријархот Вартоломеј дека „упадна” во канонската територија на Украина и дека на расколнички црковни организации, надвор од секакви правила, им даде автокефалност.

За РПЦ, а тоа е и ставот на СПЦ, единствената канонска црква во оваа област е Украинската православна црква, која работи во рамките на Московската патријаршија како автономна.

Оваа есен на покана на СПЦ во Белград ќе допатува Вартоломеј на прослава на осумте векови од осветувањето на Свети Сава.

Advertisements
To Top