Вархеји упати сочувство за трагедијата со македонскиот автобус во Бугарија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји изрази сочувство преку Твитер за автобуската несреќа во која загинаа најмалку 46 лица на автопатот Струма.

„Ужасни вести за трагичната автобуска несреќа во Бугарија рано утрината. Моите мисли и сочувство се со семејствата и пријателите на загинатите како и со луѓето и властите на Северна Македонија. Им посакувам брзо заздравување на повредените”, напиша Оливер Вархеји на Твитер.