Вархеи, наследникот на Хан, во прва официјална посета на Македонија


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ако треба да се опише во два муабети најважниот дел од кариерата на Оливер Вархеи, избран како наследник на еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, тогаш може да се каже дека целата кариера му е поврзана со Европската Унија и сака да го види Западен Балкан во неа. Тој денеска пристигна во прва официјална посета на Македонија откако кон крајот на минатата 2019 година беше избран како наследник на Јоханес Хан.

Во првата порака како еврокомесар за проширување, Вархеи кажа дека проширувањето ќе биде огромен предизвик со оглед дека помеѓу ЕУ и дел од европските региони и држави владеат комплексни односи. Во овој контекст Вархеи не ја спомена Македонија.

„Проширувањето ќе биде огромен предизвик со оглед дека имаме многу комплексни релации со земјите како што се Унгарија, преку Србија и Албанија па Турција, Египет, Либија и Мароко.“ – изјави Вархеи.

Еврокомесарот за проширување е искусен дипломат кој го поминал скоро цел работен век работејќи со и за Европската Унија. Но, во истовреме тој е и лојален на унгарскиот премиер Виктор Орбан и на неговата влада. Токму тоа беше една од причините кои во прв момент го ставија под знак прашалник неговиот избор за еврокомесар за проширување. Тогаш европратениците не беа сигурни дека Вархеи ќе биде во можност да се огради или своите должности да ги извршува независно од ставовите на Орбан.

„Нема да бидам врзан, ниту под влијание на било која изјава или позиција на било кој премиер од било која земја или било кој претставник на било која влада.“ – изјави Вархеи.

Унгарските медиуми го опишуваа Вархелји како дипломат кој не е склон кон договори, туку само кон потполна победа. Колегите на Вархеи го опишуваат како компетентен и добро подготвен професионалец кој има јасен поглед за тоа како функционираат работите во Брисел и кој потешко преговара а сигурно оди на победа.

Оливер Вархеи е роден на 22 март 1973 година во унгарскиот град Сегед. Студирал европско право во Данска, а се стекнал со диплома за право на Универзитетот во Сегедин во Унгарија. Од 1995 година работи во јавните служби, прво како приправник во Министерството за индустрија и трговија во Канцеларијата за европски работи. Набрзо потоа станува одговорен за координација и усогласување со ЕУ. Во Брисел првпат оди во 2001 година, две години пред Унгарија да ѝ се приклучи на Унијата. Три години е шеф на правната служба на постојаното претставништо на Унгарија при ЕУ, после што се враќа во Будимпешта да го води отсекот за ЕУ право во Министерството за правда. Во 2008 година повторно е пратен во Брисел, каде работел во Европската комисија, па потоа кратко повторно се враќа во Унгарија, за во 2015 година да биде поставен како прв човек на унгарската канцеларија во ЕУ.

Ова не се први среби на Вархеи со македонските политичари. Претходно во декември минатата година еврокомесарот за проширување се сретна со тогашниот премиер Зоран Заев, со заменикот премиер за евроинтеграции, Бујар Османи како и со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тогаш тој средбата ја оцени како исклучително корисна.

Во првата работна посета на земјава, Вархеи до сега се сретна со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Оливер Спасовски.