Варди добива смртни закани после отказот на Раниери!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Отпуштањето на Клаудио Раниери од тренерското место на актуелниот англиски шампион Лестер, е најшокантниот момент кој се случи оваа сезона во Премиер лигата.

Оваа сезона Лесер, кој го имаше скоро истиот состав од минатата година многу лошо ја започна сезоната во Премиер лигата и во еден момент беше многу блиску до зоната за испаѓање.

Сепак, шокантно делуваше одлуката на раководството да му врачи отказ на Раниери, а медиумите и фановите како виновници за тоа ги посочија фудбалерите.

„Има многу лажни обвинувања, тоа се работи за кои ние ништо не можеме да направиме. Кога се појавија во весниците, ние моравме да ги средиме мислите и да се фокусираме на фудбалот. Прочитав една приказна која наводно се случила по средбата со Севиља. Во истата се вели дека јас лично сум бил вклучен во состанок кога јас всушност чекав три часа за анти-допинг контрола“, објаснува Варди.

„Потоа кога приказната е во медиумите, луѓето ја читаат и веднаш скокаат и добивате смртни закани за вашата фамилија, децата, буквално се, на социјалните медиуми, одејќи по улица. Да бидам искрен ги добивам секој ден. Фудбалските фанови не ме сакаат, јас сум навредуван на секој стадион на кој ќе се појавам. Јас се навикнувам на тоа, ама кога луѓето се обидуваат да и го пресекуваат патот на мојата сопруга со децата во кола, тоа не е во ред, навистина е застрашувачки. Ако нема камери, можете тешко да настрадате“, признава Варди.