Вардар со императив победа: Нема да биде лесно против Цеље!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вардаровите ракометари на три кола до крајот се во пол позиција за освојување на челната позиција во групата, која ќе им донесе директен пласман во четвртфиналето, а нареден протувник е екипата на Цеље.

Три победи, во последните три кола, ќе му ја донесат на Вардар првата позиција во Б групата. Цеље е добро познат противник за избраниците на Раул Гонзалес, противник кого сезонава три пати го совладаа.

„Нашата желба е да го победиме Цеље и да се вратиме на првото место на табелата, каде сега е Рајн Некар по победата над Мешков Брест. Фаворити сме, веќе и се навикнавме на таа улога, на секој меч да сме фаворити, но потенцирам дека против Цеље нема да ни биде лесно. Тоа е тим кој во своите редови има неколку квалитетни играчи“, рече Гонзалес.

„Три пати игравме против нив и три пати победивме, поради тоа некои мислат дека в сабота не очекува лесен натпревар. Јас знам дека нема да биде едноставно, иако играме дома и сме фаворити. Сето тоа мора да го покажеме на теренот. Нема да го потцениме Цеље, мора да забележиме победа, која ќе не доближи до првото место“, изјави капитенот Стојанче Стоилов.