Вардар против Кире и Борко ќе се бори за финале!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вардар денес го доби првиот противник на фајнл-фор турнирот во Келн и во полуфиналето ќе игра против екипата на Барселона.

Вардарци првпат ќе бидат дел од завршницата, а во походот кон уште поголема клупска историја ќе се бори со Барселона.

Тоа значи дека ќе гледаме македонско дерби бидејќи дресот на каталонскиот гигант го носат нашите репрезентативци Кире Лазаров и Борко Ристовски.

Полуфиналињата во ЛШ ќе се играат на 3 јуни, додека мечот за третото место и големото финале се закажани ден подоцна. Другиот полуфинален дуел го сочинуваат Вест Прем – ПСЖ.