Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот и европски шампион Вардар денес во натпреварот за третото место на Супер Глоуб турнирот ја совлада Ал Вехда со 30:26.
Вардар со оваа победа од Саудиска Арабија се враќа со бронза и парична награда од 150.000 евра.
Ал Вехда имаше предност против Вардар се до 25-тата минута тогаш Вардар поведе со 14:13, а на полувреме се замина со резултат 16:16.
Вардар додаде гас во второто полувреме и отвори со серија од 5:0 и таа предност рутински ја сочува до крајот на натпреварот.
Чупиќ беше најефикасен со седум гола, а зад него следуваше Криштопанс со шест.