Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Црвено-црните вчера одиграа одличен натпревар и запишаа важна победа портив дански Копенхаген, сега нашиот преставник има шанса која не смее да ја пропушти.
Македонскиот шампион на „Филип Втори“ го совлада Копенхаген со 1:0 и обезбеди добра предност пред реваншот во Данска.
Имено, доколку Вардар го елиминира Копенхаген, обезбедува настап во Лигата на Европа (со пораз во плеј-офот за Лигата на шампионите), па така црвено-црните би одиграле најмалку шест натпревари со што би стигнале до заработка од 6.180.000 евра што за еден македонски клуб значи вистинско богатство.
Македонскиот клуб до овој момент веќе има обезбедено 1.245.000 евра па и да не победат ниту еден противник. Во оваа сума не пресметани бонусите од спонзорите и ТВ правата.
Споменатите шест милиони како што споменавме Вардар ќе ги добие доколку биде поразен во плеј-офот за Лигата на шампионите. Во случај, македонскиот шампион да обезбеди пласман во во групната фаза од Лигата на шампионите, тогаш црвено-црните би стигнале до заработка од неверојатни 15.280.000 евра.
Што ќе се случува останува да видиме, едно е сигурно, Вардар има шанса која НЕ СМЕЕ да ја пропушти!