Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Вардар одново е на фајнл-фор!
Издржа Вардар на гости кај ПИК Сегед (29:25) и поради победата од осум гола разлика во Скопје по трет пат ќе игра на фајнл-фор турнирот во Келн!
Вардар, Барселона, Киелце и Веспрем ќе се борат за европската титула! Денес Вардар одигра катастрофално прво полувреме после кое ПИК Сегед имаше предност од осум гола разлика 17:9.
Меѓутоа вториот дел донесе многу подобра игра на Вардар и гледавме голема борба на двете страни. На голот на Вардар се разбуди и Дејан Милосваљев кој во најважните моменти беше на потребното ниво и бранеше зицери.
Кај Вардар најдобар беше Игор Карачиќ кој постигна осум гола, Криштопанс додаде пет, а Дибиров четири гола. Во редовите на ПИК Сегед, Банхиди постигна седум гола.
Треба да се спомене дека 25 секунди пред крајот се случи и еден инцидент на теренот кој се расчисти после прекин од неколку минути.